Најновата европска членка на ФИБА ја победи Естонија со 75-69 и заедно со балтичката селекција оди во квалификациите за СП од кои испадна нашата репрезентација што значи допирање на дното. Макеоднскиот национален кошаркарски тим во конкуренција на Естонија и Косово оствари само една победа во четири настапи и не успеа да ги мине претквалификациите за пласман за Светското првенство во 2019 година.
Македонија, која во средата, со поразот во Талин ги заврши натпреварите во групата, вечерва очекуваше победа на Естонија во Приштина за да го освои второто место и да избори мундијалски квалификации, но во драматичен меч Косово успеа да ја совлада Естонија 75:69 (24:22, 11:16, 19:14, 21:17). Дуелот беше незивесен, а домашната репрезентација го реши во последната минута.
Неуспехот ја враќа Македонија при дното на европската кошарка, а доаѓа по само шест години откако беше постигнат историскиот успех и освоеното четврто место на ЕП во Литванија.





