Претседателката на Косово Вјоса Османи го одреди 9 февруари 2025 година како датум за редовни парламентарни избори во оваа балканска земја, пренесува РСЕ.
Османи потпиша указ во кој се наведува дека датумот е одреден по консултации со политичките партии и Централната изборна комисија.
Политичкиот советник на Османи, Беким Купина, рече дека 9 февруари е избран како „оптимален датум што ги балансира преференциите на сите партии“.
Купина ја цитираше изјавата на Претседателството дека е важно изборната кампања да започне по 7 јануари, на завршувањето на зимските одмори. Тој исто така истакна дека Османи ја поканил Европската унија (ЕУ) да испрати мисија за предоценка и набљудувачи на изборите.






