Косово на раб на енергетски колапс

Косовскиот снабдувач со енергија (KESCO) објави дека капацитетот за производство на електрична енергија во земјата значително ќе се намали почнувајќи од денеска, објавуваат косовски извори.



KESCO вчера предупредил дека целото снабдување со електрична енергија за потрошувачите во Косово наскоро можеби ќе мора да се покрие преку увоз, што претставува сериозен технички и финансиски предизвик.

Енергетската криза во Косово се случува откако за прв пат од крајот на војната пред 25 години, Косовската енергетска корпорација (КЕК) произведе нула мегавати електрична енергија за потрошувачите, јавува Инфокус.