Капитенот на фудбалската репрезентација на Косово, Амир Рахмани, го објасни својот повик до соиграчите да не го доиграат натпреварот со Романија во Букурешт од Лигата на нациите.
„Постојано имаше повици ‘Србија, Косово’. Тоа се случуваше 90 минути. Во дополнителните минути почнаа повици со други зборови кои не сакам да ги повторувам бидејќи е срамота. Му кажав на судијата, а тој не презеде ништо. Навивачите потоа почнаа уште повеќе со повиците ‘Косово, Србија’. Затоа, решивме да не излегуваме повторно како што се случи минатата година. Сите треба да знаат дека Косово е Косово или Косово е Албанија. Тоа е тоа. Точка“, изјави Рахмани.






