Претседателот на Венецијанската комисија Џани Букикио предупреди на високото ниво на корупција во Албанија.
“Корупцијата во Албанија ги зафати сите сфери – политиката, судството и администрацијата. За жал, корупцијата постои насекаде во светот и во ниту една земја не е искоренета. Во држави како Албанија, сепак таа ги зафати сите сфери. Затоа борбата против неа треба да се води на сите нивоа”, рече Букикио, цитиран од БГНЕС.





