Премиерот Христијан Мицкоски смета дека проектот за изградба на пругата од Коридорот 8 во Бугарија се користи за внатрешно-политички цели од страна на Бугарија велејќи дека „ова е инженерски проблем и нема врска со политика“.



Смта дека би било лудо Владата да се сложи со проект кој завршува на пола тунел во слепа улица, додавајќи дека не станува збор за промена на интерес, туку како треба работите да бидат поставени на правилна патека.
Рече оти од бугарска страна нема јасен проект дали тунелот ќе продолжи.

„Вака како што се поставени би било лудо да се сложиме како Влада на проект кој завршува на пола тунел во слепа улица…

Николоски: Пругара кон Бугарија завршува во тунел без крај

Тоа ќе подразбира минимум 500 милиони евра, пари како кредит или од буџетот, практично граѓаните и 200 милиони пари на европските даночни обврзници за 24 километри, 22 тунели, кои што ќе завршат на пола тунел во слепа улица, без да знаеме што ќе се случува од бугарска страна. Бидејки таму нема јасен проект дали тунелот ќе продолжи.

Велиме, дајте да го видиме проектот од бугарска страна. Нема.“, изјави Мицкоски.

Официјална Софија вчера порача дека Коридорот 8 е транспортен проект кој е дел од Договорот за добрососедство и дека со вознемиреност се следат изјавите на официјалните македонски политичари, кои според бугарската влада, се насочени кон кршење на меѓународните обврски на инфраструктурно поврзување.

Софија реагира на најавите дека Скопје ќе бара од Европската банка за обнова и развој да ги пренасочи европските пари за изградба на железничката компонента од Коридорот 8 за брза пруга на Коридорот 10.