Данскиот првак загуби дома од Жилина со 1-2, но, сепак, успеа да се пласира во третото квалификациско коло од ЛШ и ќе игра против нашиот шампион Вардар, поради триумфот од 1-3 на гости во Словачка.



Данците имаа многу проблеми на реваншот пред своите гледачи. Жилина поведе со 0-1 во 19.минута со голот на Отумбанџо, а ФК Копенхаген израмни од пенал, на почетокот на вториот дел, што го реализираше Бенјамин Вербиќ. Но, Жилина во 58. минута преку Филип Каса повторно дојде во водство од 1-2. Оттогаш, па до крајот, фудбалерите на ФК Копенхаген се бранеа и се одбранија од трет гол, кој ќе го однесеше мечот во продолженија. Дуелите на Вардар и Копенхаген се на 25/26 јули и 1/2 август.

https://youtu.be/iDMTw3AWKpU