Важен е овој ден за македонскиот фудбал, а како и овде оваа област е најпопуларна, важен настан ни претстои и за целиот нашиот спорт. Вардар во Скопје игра со Копенхаген во третото коло од квалификацииите за Лигата на шампионите што може да се толкува како подотворена врата низ која се ѕирка во бескавата сала каде настапуваат само најдобрите, најголемите. Така и црвено црните го гледаат овој прв дуел од двобојот, како шанса, во која влегуваат без страв и со јасно определена замисла.



“Тие се една класа подобри од Малме, затоа и играат речиси секоја година во ЛШ. Но, ние не се предаваме предвреме, ќе одиме на победа, како денеска, така и наредната недела на реваншот во Данска. Играме на домашен терен, ќе тргнеме во офанзива и ќе бараме гол уште од првата минута. Добро ја знаеме нивната игра во напад, ги анализиравме, и ако не им дозволиме слободен простор на пред нашиот гол, мислам дека можеме да ја сочуваме нашата мрежа мирна”, изјави капитенот Грнчаров.

Вардар минатиот вторник во Струмица победи по четири посни години, а по цели 13 мина рунда во Европско клупско натпреварување. Копенхаген е велат посилен од Малме, можеби, но и Вардар се враќа дома, во својот дом, а и најтешко е да се урнат бариерите, потоа се може да се отвори. Мечот Вардар-Копенхаген е вечерва на арената Филип втори во Скопје и започнува во 20 часот.