УЕФА најде соломонско решение откако увиде дека стадионот “Младост” во Струмица не е подготвен да биде организатор на европски натпревари од ваков ранг, по што го прифатила барањето на ФК Вардар својот натпревар како домаќин со данскиот првак Копенхаген да го одигра на Филип Втори во Скопје. Дуелот од третото коло во ЛШ ќе биде со променет редослед и црвено-црните веќе во вторник први да бидат домаќини. Овој предлог го прифатил и Копенхаген кој според извлекувањето во УЕФА требаше прв да го дочека македонскиот првак.
Стадионот ќе биде со скратен капацитет со што би се продолжило уредувањето на Филип Втори во оние делови каде се изведуваат градежни работи.





