Главниот град на Данска, Копенхаген, од денеска почнува да нуди финансиски и други награди за туристите кои се однесуваат одговорно и пристојно, и во правец на заштита на природата.
Ова е спротивно од дреастичните мерки – најчесто скапи такси и ограничување на туристички групи – што го прават други туристички дестинации.
Имено, секој турист може да добие бесплатен ручек, шолја кафе, посета на музеј или возење со чамец.
За тоа, туристот мора да покаже дека наместо со автомобил патува со велосипед, користи јавен превоз, помага во чистотата на градот…
Меѓу работите што ќе се охрабрат е користење на вода од чешма наместо флаширана вода.
Учеството во такви активности мора да се докаже – на пример со приложување билет за јавен превоз, изнајмување велосипед или фотографија од собирање ѓубре.
Проектот е пилот проект и затоа трае само до 1 август. Доколку успее, главниот град планира да го воведе како постојана политика.






