Ако мислевте дека сега е лошо, почекајте за десетина години, предупредуваат експети според кои климатските промени претставуваат закана за целото човештво, но дека се уште не е доцна да се реагира.
Минатата 2016 година, била најтопла откако се мери температурата, а според најновите официјални податоци, 2017 можеше да го сруши тој рекорд.
Десетици милиони луѓе ќе бидат принудени да ги напуштат своите домови како резултат на климатските промени во текот на следната деценија, што ќе биде најголемата мигрантска криза во историјата на човештвото, покажува нов извештај на британската фондација за заштита на животната средина (EJF).
„Ако Европа смета дека денес постои проблем со бегалците, почекајте десет години“, предупреди Стивен А. Чејни, поранешен генерал на американската морнарица, кој сега активно се занимава со прашањата за животната средина, анализирајќи ја студијата.
Тој вели дека климатските промени ќе ги принудат луѓето од Африка, особено од суб-сахарските области да бегаат, и во тој бран нема да има два милиона, туку меѓу 10 или 20 милиони луѓе кои нема да бега во Јужна Африка, туку ќе бегаат преку Медитеранот.