Пожарот на ридот во непосредна близина на селото Кондово им ја направи претходната ноќ на селаните, драматична. Тие до раните утрински часови со сите сили се бореле со големиот пожар што изби во близина на селото и успеаја да го локализираат и да го стават под контрола.



Како што велат жителите постоела сериозна опасност огнената стихија да зафати и дел од куќите во селото, но по интервенцијата изведена со заеднички сили на противпожарните единици и локалното население, утринава пожарот е изгаснат.

Сепак, по непроспиената ноќ, вознемиреноста меѓу граѓаните денеска се уште е присутна, но тоа се однесува и на жителите на Кондово и на населбата и општината Ѓорче Петров кои се во непосредна близина..