Конгресот на “ЕПП” силна поддршка и ветар во грб за политиките на ВМРО-ДПМНЕ

Присуството на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот на европската народна партија во Букурешт е знак дека опозициската партија има апсолутна поистоветеност со блокот на народните партии во ЕУ која дополнително го засилува линкот на Македонија со водечките луѓе во европската комисија и европскиот парламент. Приемот што го доби делегацијата во престолнината на Романија покажува , дека ВМРО-ДПМНЕ е рамо до рамо со европските челници, таму каде што треба да се лобира за македонските евроинтеграции. Експертите се согласни дека поддршката на народните партии кон партијата на Христијан Мицкоски е ветар во грб за исполнување на сеопфатната програмска доктрина која навестува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта на претстојните избори.



“Конгресот е свикан да го потврди водечкиот статус на ЕПП, т.е централната точка во политичкиот систем, тоа ќе се види по изборите за ЕП, кога од редовите на ЕПП ќе дојде новиот претседател на Европска комисија, најверојатно Фон дер Лајен. За Македонија и за ВМРО-ДПМНЕ е значаен настан тие имаат директна врска со политичарите во земјите членки и со тоа имаат и директен линк до водечките луѓе во идната Комисија и Парламент и други структури во ЕУ, сите сестрински партии на ВМРО-СПМНЕ стојат зад претседателскиот кандидат и општо за партијата и тоа партнерство ќе го олесни патот на Македонија кон унијата. Вториот дел е приемот на кој што наиде делегацијата, тие се рамо до рамо, дел од европското семесјтво, на панелот на конгресот таму се внатре каде што треба да се лобира за Македонија и она што следи по изборите оваа партиско дипломатска предност за која се има изборено ВМРО-ДПМНЕ, да се изрази во форма државно дипломатска вредност, во моментот кога ќе дојде до промената на власта и кога ќе треба да се кројат оние клучни точки на новата власт” – смета поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Ивица Боцевски.

Мултидимензионалноста на пораките кои ги испрати Мицкоски дека партијата е посветена на единството, заедничките вредности, демократијата, човековите права но истовремено и го фаворизираше економскиот раст и стабилност е од големо значење, смета поранешниот амбадасор Марјан Ѓорчев. Бидејќи овие пораки беа упатени пред целиот крем од европските народни партии кои дебатираа за состојбите и политиките, во пресрет на изборите за Европскиот парламент.

“Првата димензија е апсолутна поистоветеност на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, со политиките на блокот народните партии низ Европа, исправени пред глобалните предизвици и безбедносни прашања. Втората димензија е тоа што Мицкоски јасно укажа дека ВМРО-ДПМНЕ е партија посветена на демократијата, владеењето на правото и човековите права. И третата димензија е сеопфатната програмска доктрина која навестува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта на претстојните избори, со фаворизирање на економскиот раст и стабилност и кохезија на општеството” – вели поранешниот амбасадор Марјан Ѓорчев.

Христијан Мицкоски од конгресот порача дека секое општество кое сака да оди напред треба да се фокусира на збогатување на општественото ткиво, економски напредок, инклузивност, премостување на разликите, рамноправен пристап до образование, здравство, правда, добро владеење. Тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предводи економски раст и стабилност. и дека ќе се залагаат за политики кои стимулираат иновации. Клучна компонента на визијата за Европа спроед него е обновената посветеност на Западен Балкан, но ЕУ мора да ги засили напорите за интегрирање на овие држави, обезбедувајќи јасен па за членство во ЕУ, заснован исклучиво на заслуги.

Извор: Алфа телевизија