Кому му се обраќаат Османи и Таравари додека го кршат Законот за употреба на македонскиот јазик

Билбордите (само) на албански јазик на претседателските кандидати Бујар Османи и Арбен Таравари го наметнуваат прашањето дали им се обраќаат и го бараат гласот само на Албанците, иако ДУИ на Османи, на пример, инсистира дека нивниот „Европски фронт“ е мултинационална коалиција (иако во неа нема партии на Македонците, Србите, Власите…), а самиот тој тврди дека имал поддршка од „многу“ Македонци.



Покрај тоа, двајцата кандидати Албанци што претендираат да станат шеф на македонската држава со еднојазичните, албански пораки на промотивните материјали го кршат членот 7 од Законот за употреба на македонскиот јазик, кој вели: „Задолжително се лекторираат на македонски стандарден јазик и на неговото кирилско писмо: плакати, летоци, проспекти, транспаренти, рекламни табли, реклами на излози и или друг вид рекламен материјал во физичка форма…“.