Компромисите се секогаш болни и тука треба да се најде патот до решение. Тоа е дипломатска уметност и не треба за тоа да се зборува на прес-конференции,туку зад затворени врати“, изјави Ангела Меркел на денешната прес-конференција со премиерот Зоран заев во Берлин во врска со грчко-македонските расзговори за разликите околу името.
„Јавните изјави може да штетат и им верувам на двете страни дека ќе бидат внимателни“ , рече канцеларката.
Германската канцеларка вели дека проблемот со името треба да се реши, но според неа, притисок во преговорите не е многу од корист. Меркел уште додаде дека има впечаток дека по подолго време, за првпат двете страни имаат интерес за решавање на ова прашање и тоа е добар предуслов,
На прашањето да посочи година кога би се случил влезот на Македониа во ЕУ, Меркел рече дека тајмингот е кога ќе биде постигната зрелост.
„Има предлози и услови на ЕК и не би сакала да кажувам датум, туку тоа зависи од брзината колку зејмјата ќе ги исполни условите“, рече Меркел.





