Навивачи на Вардар кои се враќале од натпреварот на нивниот тим од арената Филип втори во Скопје направиле инцидент на Бит Пазар во кој биле инволвирани и патници во автобусите и граѓани кои се нашле на рутата на навивачите.



Според непотврдени информации проблемот бил создаден во автобус на Градскиот превоз кога навивачите предизвикале тепачка во која некој од нив го фатил воланот на автобусот во движење по што истиот удрил во друг кој бил во негова близина. Двата автобуса претпреле штета, а навивачите и другите лица кои биле инволвирани во инцидентот брзо по разменетите удари го напуштиле местото на настанот.

Полицијата, по интервенцијата и брзото пристигнување на специјалните сили информира дека се е смирено, но нема детали, а за сега нема информации и дали има повредени во тепачката и сообраќајката.