Колку човештвото е блиску до самоуништување!

Светски научници денес ќе ги поместат стрелките на часовникот кој симболично предупредува колку човештвото е блиску до катастрофа од планетарни размери.



Од кога прв пат е воспоставена оваа практика во 1947 година, симболичниот часовник секоја година го предупредува човештвото колку светот е блиску да хипотетички катастрофа предизвикана од нуклеарна војна, климатски промени, био-тероризам или сајбер војна.

Принципот е едноставен: Колку стрелките се поблизу до полноќ – толку и цивилиацијата е поблиску до самоуништување.

Во повеќето случаи досега стрелките се движеле помеѓу две и 10 минути до полноќ, а најбезбедно предвидување беше во 1990 година.

Минатата 2017 година, стрелките беа поместени на две и пол минути до полноќ.

Не е познато на „колку минути до полноќ“ денес во 15 часот по лондонско време научниците ќе ги пометат стрелките за оваа 2018 година.