Колку чинат солзите на мајка и дете од 4 години – Судијка станала претседател на суд откако рекла дека мора да донесе спорна пресуда (ВИДЕО)

Колку чинат солзите на мајка и дете од 4 години прашува пратеничката Иванка Василевска од собраниската говорница откривајќи дека една Судијка станала претседател на суд откако рекла дека мора да донесе спорна пресуда.



Пратеничката Василевска зборува за корумпираното судство, Судскиот совет и други аномалии во правосудството но дава конкретен пример за судијката Жаклина Доведен која вчера е избрана за претседател на Битолскиот апелационен суд откако предходно донесла одлука да додели старателство врз четиригодишно дете на таткото кој е осуден семеен насилник.

Василевска Боруваќе на пленарна седница посветена на петте интерпелации за членовите на Судскиот совет кои ги избрало Собранието.

,,Во моето излагање истакнав дека пред сите нас е предизвикот со кој мора да се справиме со метастазата во правосудниот систем со која ќе го ослободиме македонското општество и ќе им овозможиме на сите граѓани ефикасен и правичен систем во кој правдата ќе биде право кое им припаѓа на сите, а не како до сега привилегија за избраните”, изјави Василевска која зборува и за случајот со четиригодишното дете кое е доделено на татко семеен насилник.

Овој дел од говорот на Василевска е по петтата минута на линкот

https://www.facebook.com/share/v/1FZKhg8zWB/?mibextid=D5vuiz

Повеќе детали за случајот кој expres.mk го следи од почеток

Има ли македонската Правосудна мафија свој силен бастион во Пелагонија

Се борат ли за функции преку судбина на четиригодишно дете – Пирова игра во Апелациониот суд во Битола