Американскиот претседател Џо Бајден утринава изјави дека не верува дека ќе има „сеопфатна војна“ на Блискиот Исток, регион на работ на израелски напади во Газа и Либан и ескалација на тензиите на Израел со Иран…
На прашањето од новинарите колку е уверен дека таква војна може да се избегне, Бајден застана и одговори:
„Колку сте сигурни дека нема да врне?
Видете, не верувам дека ќе има сеопфатна војна. Мислам можеме да го избегнеме тоа, но имаме уште многу да направиме“.
Тој уште рече дека „Веќе му помогнавме на Израел. Ќе го заштитиме Израел“.





