Во контекст на спорот со името и застрашувањата со иредентизмот на Македонија и територијалните аспирации кон јужниот сосед, грчки портал под наслов „Ова е силата на македонската војска“ донесува неколку податоци за стратешката и воената моќ на Република Македонија.
Според Globalfirepower.com за 2017 година, Македонија е земја со 2.100.025 жители.
Вкупниот воен персонал на земјата е 24.055 лица, од кои активни и готови се 8.055, а во резерва се 16.000 лица.
Македонија троши околу 20.000 барели нафта секој ден. Патната мрежа е 14.182 километри, а должината на железничката мрежа достигнува 700 километри.
Надворешниот долг достигнува 7,6 милијарди долари, а буџетот за одбрана е 108 милиони долари.
Што се однесува до воените орудија, порталот пренесува дека македонските оружени сили имаат 31 тенк, 11 оклопни возила, 208 оклопни возила за транспорт на персонал, 115 „хермелини“, 168 артилериски орудија, 12 борбени хеликоптери и два хеликоптера, донација од Грција, кои се ставени во резерва.





