Колку се безбедни лифтовите во зградите? По случајот во Штип, каде еден работник загина, а друг е повреден при несреќа во лифт, јавноста е на нозе. Иако постојат стандарди за нивната безбедност, прашање е колку се применуваат, објави МРТ1.

Да се посвети поголемо внимание во одржувањето и сервисирање на лифтовите, за да не се случуваат повреди или несреќи, алармираат надлежните. Според претседателот на Здружението за лифтови, постојат норми и прописи како тие се одржуваат. Сековски вели дека во однос на безбедноста на лифтовите сè е регулирано во нашите закони.
Европски стандард за безбедноста на лифтовите има, но кај нас слабо се применува, а за тоа сведочи и немилиот настан во Штип.

Во земјава има околу 50% од лифтовите кај кои не се прави редовен, а кај одреден процент од нив не се прави никаков технички преглед, велат надлежните. Најголемиот проблем е тоа колку се добри фирмите кои ги сервисираат лифтовите, оти засега не подлежат на никакви критериуми.





