Граѓаните се почесто се задолжуваат за да обезбедат покрив над глава, па периодов може и стан повеќе. Купопродажбата на станови и деловни објекти во последниот квартал од минатата година значително се зголемила во споредба со третиот квартал и тоа од високи 16 проценти. Податоците на Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека интересот кај граѓаните за тргување со недвижнини не се намалува, анализира Фактор. Имено, во четвртиот квартал од 2024 година во регистарот за цени и закупи при Агенцијата биле внесени 9.054 трансакции, од кои 6.433 купопродажби на недвижности и 2.621 закупи на недвижен имот.
– Бројот на купопродажби регистрирани во Регистарот на цени и закупнини во периодот октомври – декември 2024 година во однос на периодот јули – септември 2024 година е зголемен за 16 отсто, додека бројот на закупи е исто така зголемен за 33 проценти – се посочува во кварталниот извештај на Катастарот.
За потсетување, во период јули – септември 2024 година во базата на Регистарот на цени и закупнини се внесени 7.491 трансакција, од кои 5.525 купопродажби на недвижности и 1.966 закупи на недвижен имот.

Од Катастар откриваат дека во период октомври, ноември и декември најмногу купопродажби се регистрирани во ноември, и тоа вкупно 2.252, додека во октомври се регистрирани најмалку купопродажби, и тоа 2.007.
Податоците покажуваат дека најмногу се тргува со станови, и во овој период биле продадени 2.419 станови чија вредност достигнува 160,6 милиони евра. Во споменатиот период биле продадени 691 куќи со вредност од 43,1 милион евра, додека бројот на тргувани деловни објекти бил 242 со вкупна вредност од 43,9 милиони евра. Биле продадени и 1,954 земјоделски или шумски парцели и нивната вредност надминува 22 милиони евра.
Вкупната вредност на договорите за купопродажба во периодот од октомври до декември достигнува 322,5милиони евра. Додека претходниот квартал, или во периодот од јули до септември вредноста на договорените купопродажби достигнала 237 милиони евра. Повеќе на Фактор.мк.





