Колку заработуваат македонските големи маркети годишно

Во кратка анализа насловена како ,,За маркетите” искусниот економски новинар Горан Теменугов елаборира колку заработуваат македонските трговски ланци.



Според анализата приложените профити на трговските ланци се релативно мали.

Целиот пост на Теменугов:

,,Во 2024 година, маркетите оствариле приходи од 930 милиони евра и профит од 35 милиони евра. Ова укажува дека профитната стапка на сите маркетите изнесува 3,76%.

За секои 100 денари кои ги трошиме во маркетите, во рацете на газдите завршуваат 3,76 денари како профит.

Според податоците, речиси сите маркети имаат профитна стапка блиска до 3,76%, освен Веро и Тинекс:

• Веро: 10,04%

• Рамстор: 3,89%

• Кипер: 3,14%

• Стокомак: 2,96%

• КАМ: 2,7%

• Тинекс: 1,42%