Меѓу седум кандидати денеска ќе одлучуваат кого да го изберат 1.814.317 граѓани со право на глас во Република Македонија на седмите претседателски избори.



Кандидати се Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска, Арбен Таравари и Максим Димитревски.

Во првиот круг победник може да биде кандидат кој освоил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 907.159 гласови.

Доколку во првиот круг никој не го добие потребното мнозинство, се оди на втор круг кој ќе се одржи на 8 мај заедно со парламентарните избори.

Во вториот круг на гласање аа претседател ќе биде избран еден од двајцата кандидати кој добил мнозинство од гласовите.

Доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 725.727 гласачи, што е предвидено во Изборниот законик, а за него гласале 362.864 избирачи.

Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добил потребен број гласови, се повторува целата изборна постапка.