На денешен ден, на Бадник, на 6 јануари 1916 година бугарската војска го извршила колежот и масакрот на 102 Македонци од села во Поречието. Меѓу масакрираните имало кметови на селата, угледни политичари, еден илинденски војвода и повеќе комити, учители, претседатели на селски одбори и други видни жители. Од деталните списоци на убиените било видна намерата на бугарската војска да му се скрши националниот дух на месното македонско население и да го одврати од каква било намера да се спротивставува. Еден од бугарските војници рекол дека не сака да учествува во оваа злосторство и да ги коле луѓето, ниту да ги измачува ѕверски, а потоа и да се изживува врз нивните беживотни тела. Поради таа своја одлука и тој бил убиен. Тој бугарски војник бил 103-тата жртва на овој крваво злосторство, извршено не случајно токму на Бадник, на еден ден пред најголемиот христијански празник Божик.
Историја
Во статијата со наслов „Масакр кај Дервишка Нива“, објавена на македонски јазик на „Википедија“ пишува: По повлекувањето на Србите за време на Првата светска војна Бугарија го окупирала вардарскиот дел на окупирала Вардарска Македонија. Во неа потоа Бугарите почнале да организираат казнена експедиција под водство на потполковникот Констатин Панов. Се воделе т.н. „црни списоци“ на видни Македонци: сите свештеници, учители, претседатели на општините, началници на комитети, војводи и четници. Биле уапсени 205 лица од овој список. Едни биле однесени во Околиското началство, други во затвор во Прилеп, а потоа повторно се вратени во Поречието.
На Бадник половината од „црниот список“ биле заклани и масакрирани и биле фрлени на ископ кај месноста Дервишка Нива. Во списите на манастирот „Света Богородица“ крај Манастирец се чува списокот на убиените. Сите жртви се од Поречието, најмногу – 22 се од селото Здуње, 11 од Лупиште, 9 од Томино Село, а по 8 од Долни Манастирец и Зркле. Поречани подоцна им подигнале костурница во близина на манастирот.
Во информација со наслов „Панихида и нова спомен-плоча во чест на поречаните, кои го дадоа животот кај Дервишка нива“ весникот „Вечер“ објавил дека на 5 јануари 2022 година пред спомен-костурницата, која се наоѓа во близина на манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ кај селото Манастирец, во општина Македонски Брод, била одржана панихида за душите на убиените 102 жители на Поречието.
„Поставена е спомен-плоча со имињата на најсурово убиените во овој масакр во месноста Дервишка Нива кај Барбарас, извршен на Бадник 1916 година по наредба на по наредба на бугарскиот потполковник Константин Панов. Сите да им оддадеме почит на овие наши предци, кои го загубиле својот живот и се надеваме дека нема да се случуваат повеќе вакви немили настани. Вечен им спомен и царство небесно!“ – напишано е во таа информација.





