Ова е прекрасен рецепт за богат и сочен колач со лимон кој е толку лесен за правење и изгледа одлично во нашиот тркалезен силиконски калап за куглоф. Слатката леплива глазура со лимон која ја сипуваме одозгора ја прави внатрешноста на колачот влажна и сунѓереста.
Потребни состојки:
-230 грама брашно
-3 големи јајца
-2 кафени лажички прашок за пециво
-230 грама шеќер
-230 грама омекнат путер
-Изрендана кора од еден ипол лимон
-6 супени лажици млеко
Со миксер измешајте ги јајцата, путерот и шеќерот. Матете ги додека убаво да се спојат. Измешајте ги млекото, брашното и прашокот за пециво со дрвена лажица. И на крај во смесата изрендајте ја кората од еден ипол лимон. Земете го тркалезниот силиконски калап и намачкајте го со путер или масло, а потоа во него внимателно сипете ја смесата за колачот. И тоа е се… За неколку минути колачот ќе биде спремен ѕа печење.
Ставете го калапот во рерна загреана на температура од 160 степени 50 минути. Пред истекот на времето проверете дали колачот е печен. Ако се одлепува од ѕидовите на калапот или ако ножот излезе чист кога со него ќе го издупчите колачот – тоа значи дека е готов.

Оставете го колачот да се лади кратко време и потоа превртете го калапот.
Додека колачот се пече во рерна, направете ја глазурата. Исцедете 2 лимона и во сокот измешајте 100 грама шеќер во прав. Оставете го шеќерот да се растопи.
Избоцкајте го колачот со вилушка и почнете да го попрскувате со глазурата одозгора – дупките ќе му помогнат на колачот да ја впие глазурата и да стане мек и сочен. Ставете го колачот во фрижидер 30 минути.





