Кои се мистериозните млади луѓе кои во градот Воден, на грчки Едеса” играат оро инка пејат песната ,,Македонки билбијанки” а за кои грчката држава тврди дека не постојат.
Во видео објавено на социјалната мрежа Х поранешен Твитер се гледа и се слуша како стотици млади луѓе пејат и играат оро на македонската народна песна ,,Македонки билбијанки”.
За грчката држава ова се непостоечки луѓе а за цел свет е јасно дека се работи за Македонци кои живеат во Грција и се различни од така степените грчки Македонци.
Овие Македонци точно знаат кој се и кои се нивните песни, ора, традиции и национална припадност.
Вакви настани со Македонци кои не го кројат својот македонски корен во Грција има илјадници секоја година и не само што не запираат туку се шират од месец во месец.
Видеото од Воден на овој линк
https://x.com/Tonce1977/status/1893111950734745605?t=XdO_4J86VR7eA4h2nad_9w&s=19
Во текстот на песната на која играат македонците во Грција се спомнуваат Велес, Охрид, Битола, Прилеп, Струга ….
Македонки билбилјанки
Македонки, билбилјанки,
качи се моме на коња дојди со мене,
двајцата да се земиме,
не можам без тебе.
Велешанки, стомничарки,
качи се моме на коња дојди со мене,
двајцата да се земиме,
не можам без тебе.
Прилепчанки, тутунарки,
качи се моме на коња дојди со мене,
двајцата да се земиме,
не можам без тебе.
Битолчанки, љубовџики,
качи се моме на коња дојди со мене,
двајцата да се земиме,
не можам без тебе.
Охриѓанки, плашичарки,
качи се моме на коња дојди со мене,
двајцата да се земиме,
не можам без тебе.
А стружанки бели, ем црвени,
качи се моме на коња дојди со мене,
двајцата да се земиме,
не можам без тебе.





