Една фирмите во кои ревизијата на ФИТР утврдила неправилности е „Пауерад ИНТ“, со седиште во Глобал во Струмица. Таа е поврзана со „Еленица“ на Заеви. Во оваа фирма ревизијата утврдила злоупотреба на државни средства и измама. Не биле спроведени проектни активности. Фирмата 3 години немала поднесено завршна сметка во Централен регистар, пренесува Плусинфо.
Со Зоран Заев е поврзана и фирмата „Медија лаб“ со седиште во струмички Глобал. Еден од основачите на фирмата е Зоран Заев, но тој истапил од неа. На оваа фирма не им се одобрени извештаите поради незавршување на активностите.
Тука е и фирмата „Еверест ЏД ДООЕЛ“ на добро познатиот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети. Еден од поголемите „гревови“ на Дрин Ахмети е тоа што префрлал средства на иста фирма во Косово.
Со внукот на Али Ахмети е поврзана и фирмата „Тхор Индустрис“, кај која е утврдено неизвршување на проект и затајување на извештаи.
Од позвучните имиња е „Дуна ДОО“. Своевремено имаше сомневања за поврзаност на фирмата со скандалот во ДИК во 2020 година за време на изборите и со хакерските напади на денот на изборите, но тие сомневања не се потврдија.
Покрај овие фирми, во фаза на извршување се и предметите за следните фирми:
„Тецуп Груп“ од Тетово. Со неа е раскинат договорот поради несоодветно менаџирање со средства од проектот. Купени се машини пред потпишување на договорот за финансирање.
„Лемакс-пак” од Струмица. Раскинат е договорот поради незавршување на активности и несоодветно менаџирање со проекти.






