Кои се кандидатите на СДСМ во ,,Кецот” – Најгласните бранители ќе останат надвор од Собранието

Лидерот на СДСМ деновиве пред партиските структури го открил луѓето кои се наоѓаат на првите десет места во изборната единица 1 која ја опфаќа половина од градот Скопје.



Во изборна единица 1, СДСМ ги планира следниве партиски функционери за кандидати за пратеници:

1. Димитар Ковачевски
2. Моника Зајкова ЛДП
3. Бојан Маричиќ (ОО СДСМ Карпош)
4. Милена Стевановиќ (ОО СДСМ Центар)
5. Стефан Богоев (потпретседател на СДСМ)
6. Васко Кичевски (СДСМ Градска организација)
7. Снежана Калевска Ванчева (актуелен пратеник, СДСМ)
8. Дарко Каевски, ОО СДСМ Кисела Вода
9. Мики Милковски (НСДП, организационен секретар)
10. Силвана Кржовска, ДОМ

Доколку листата помине како офоцијална двајцата најгласни функционери на СДСМ во последмиве неколку години Снежана Калевска Ванчева и портпаролот Дарко Каевски кои досега беа пратеници ќе останат надвор од Собранието.

Релевантни анкети укажуваат дека СДСМ во изборната единица 1 можат да освојат максимални 5 пратенички места што значи дека добитна комбинација засега имаат Димитар Ковачевски, Моника Зајкова, Бојан Маричиќ и Милена Стевановиќ додека неизвесна е позицијата пратеник на
Стефан Богоев кој потпретседател на СДСМ и директор на царината.