ОКТА е без конкуренција „прва виолина во трговија на големо“, а во остра меѓусебна конкуренција се веле трговците од „новиот бран“ чии главни претставници се РКМ, „Супертрејд“ од Скопје, кавардаречка “Црна река петрол“ и виничкото чудо „Дади Оил“. „Макпетрол“ е главен во трговијата на мало, а негов најголем конкурент во малопродажба останува да биде „Лукоил“, пишува Фактор.
Но со респект спрема сите големи играчи лани господар на октаните е Исмаил Јахоски односно неговата компанија „Пуцко петрол“. Освен што е крал на тендерите за нафтени деривати фирмата од Пласница е единствена кај која стапката на профит е двоцифрена од однос на приходите
Вагони, цистерн-камиони, пумпи и милиони, ова се четирите клучни атрибути на еден од најголемите бизниси во Македонија кој лани направи обрт поголем од 4,5 милијарди евра, а приходот надминува 2,3 милијарди евра.
Да, повеќе од 2,2 милијарди евра лани плативме за дизели, бензин, автоплин, утра лесно гориво и мазут. Да и керозин , но во помали количини.
Бизнисот со нафтени деривати на големо и мало лани е за нијанса со помал обем од претходната година, 2022, која ќе остане запаметена по префиксот година на мазутот во која РКМ направи бизнис-чудо. Годината што е зад нас е многу помирна од аспект на инфлацијата и повеќе предвидлива од аспект на неизвесностите кои ги имаше во годината пред неа. И уште еден многу важен факт! Лани вкупниот увоз на нафтени деривати во земјава надмина 1,4 милијарди тони и порасна за 10 отсто во споредба со 2021 година.
Целата анализа прочитајте ја тука.





