Кои општини и за што ќе добијат пари од унгарскиот заем

По вчерашното потпишување на договорите меѓу министерските ресори и општинските единици за средствата од унгарскиот, општините кои аплицираа и чии проекти беа одобрени, ќе добијат дел од вкупно 250-те милиони евра (4,1 милијарди денари) за капитални инвестиции.



133 милиони денари се предвидени за реконструкции, изградби и модернизирање на училишта и спортски сали и унапредување на условите за образование. Со оваа одлука опфатени се општините Гази Баба, Битола, Липково, Боговиње, Кичево и други…

За транспорт ќе се инвестираат 2 милијарди и 800 милиони денари, а опфатени се општини како Берово, Аеродром, Битола, Брвеница, Богданци, Босилово, Бутел, Валандово, Вевчани, Велес, Врапчиште, Гази Баба, Гевгелија, Гостивар, Градско, Дебар, Делчево, Демир Капија, Дебарца, Демир Хисар, Дојран, Долнени, Ѓорче Петров, Желино, Зелениково, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карпош, Карбници, Крива Паланка, Крушево, Маврово и Ростуше и други. Овие проекти се инвестиции во локална патна мрежа, коловози, патеки, пристапни улици.

Од областа на Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе се инвестираат околу 59 милиони денари за изградба на нови детски градинки во Петровец и Гази Баба.

За проекти од областа на спортот се потпишуваат договори во висина од 220 милиони денари и тоа за изградба на центри за спорт, рекреативни паркови, и спортски сали во општини како Вевчани, Демир Хисар, Центар, Битола, Кавадарци, Чашка и други.

За културата и туризмот предвидени се близу 200 милиони денари, кои ќе бидат наменети за реставрација на културни знаменитости, туристички атракции, музеи, домови на култура во општините Гевгелија, Пехчево, Радовиш, Гази Баба.

Шеста ставка се проекти од областа животната средина и просторното планирање за што ќе се инвестираат близу 630 милиони денари, за инвестиции во изградба на атмосферски и фекални канализации, колектори, нови водоводи, регулации на реки и други проекти. Со оваа одлука, како што кажа Мицкоски, се опфатени општините: Василево, Берово, Шуто Оризари, Пехчево, Пробиштип, Тетово, Бутел, Могила, Делчево, Врапчишта, Липково, Кисела Вода, Чаир, Арачиново, Охрид, Росоман, Чучер Сандево и други.

Останатите 250 милиони евра од унгарскиот заем предвидено е да бидат наменети за бизнис секторот. Фокус