Многу бизнисмени на едно место. Се одржа церемонија на доделување на Годишни награди на Македонска берза за 2024 година за котираните компании, членките на Берзата и други субјекти поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност, објави Фактор. Четврта година по ред, Македонска берза доделува годишни награди во повеќе категории, при што дел од наградените добитници се одредуваат врз основа на квантитативни податоци, како што се берзанскиот промет, цените, истргуваната количина на ХВ и бројот на трансакции. За овие награди пресекот согласно усвоената Методологија за доделување на наградите од страна на Одборот на директори на Берзата се прави вториот петок во декември.
За останатиот дел од наградите одлучуваа специјални комисии составени од пазарни учесници, експерти и претставници на медиумите, а за наградата „Акција на годината“ пошироката инвестициска јавност преку анкета на сајтот на Берзата и Интернет порталот Фактор. Оваа година остваривме нова соработка со Американската стопанска комора во Северна Македонија со која заедно доделивме неколку признанија за добри ESG практики.

Настанот со обраќање пред присутните го отвори Главниот извршен директор на Македонска берза, г-дин Иван Штериев.
Добитници на Годишните награди на Македонска берза за 2024 година се:
1. Категорија „Акција со најголем промет во 2024 година“
· Во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони евра пазарна капитализација добитник е Комерцијална банка АД Скопје, aво име на банката наградата ја прими Маја Стевкова Штериева, Главен Финансов директор.
· Во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони евра пазарна капитализација добитник е Стопанска банка АД Битола, аАлександра Радевска, Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД Битола ја прими оваа награда.
2. Категорија „Акција со најголем пораст на цената во 2024 година“
· Во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони евра пазарна капитализација добитник еКомерцијална банка АД Скопје, а Маја Стевкова Штериева, Главен Финансов директор, во име на Комерцијална банка АД Скопје ја прими оваа награда.
· Во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони евра пазарна капитализација добитник е ТТК Банка АД Скопје, а во име на друштвото наградата ја прими Жарко Митревски, Директор на Дирекција за средства и ликвидност на ТТК Банка АД Скопје.
3. Категорија „Акција со најголем пораст на прометот во 2024 година“
· Во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони пазарна евра капитализација добитник е ОКТА АД Скопје, аДимитриос Пасхос, Главен извршен директор ја прими наградата во име на ОКТА.
· Во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони пазарна евра капитализација добитник е Стопанска банка АД Битола, аАлександра Радевска, Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД Битола ја прими оваа награда.
4. Категоријата „Членка на годината за 2024 година“
· Членка на годината која има остварено најголем промет и трансакции од редовно тргување со акции – добитник еЕурохаус АД Скопје, аСтефан Степаноски,директор на членката ја прими наградата.
· Членка на годината која има остварено најголем промет и трансакции со обврзници – добитник е Комерцијална банка АД Скопје, а Михајло Брова Зиков, Директор на дирекција за тргување со хартии од вредност на членката ја прими наградата.
5. Категорија „Најтранспарентно котирано акцинерско друштво за 2024 година“- по избор на пазарни учесници–добитник е Алкалоид АД Скопје.
Комисијата на пазарните учесници ја сочинуваа Лидија Трајковиќ и Филип Петрушевски, како претставници на членките на Берзата, Лазе Камчев и Сашо Дракуловски, како претставници на инвестициските фондови и Маријан Николовски, како претставник на пензиските фондови.
6. Категорија „Најтранспарентно котирано акцинерско друштво за 2024 година“ – по избор на медиуми–добитник е Алкалоид АД Скопје. Наградата во двете категории ја прими Живко Мукаетов, Генерален директор на Алкалоид АД Скопје.
Повеќе информации на Фактор.мк.





