Центарот за управување со кризи информира дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои активни се 3, под контрола се 4 и изгаснати се 31 пожар.



Според информациите на ЦУК, активни се пожарите во Општина Петровец, кај селата Градманци, Брезница и Катланово каде што гори нискостеблeста шума, во Општина Кичево во селото Арангел каде што гори деградирана шума и во Општина Демир Хисар во селото Сопотница.

Под контрола се пожарите во Општина Прилеп кај селата Пештани, Кокре, Кален, Дуње, Бонче, Лениште, Веловодица, Смолани и Дрен, како и кај м.в. Дервен.

Во Општина Долнени, кај село Десово, пожарот е исто така под контрола.