Зошто Пендаровски се претвори во Стево!
По 30 години на функции како Пендаровски е крајно чудно да си го заборавиш презимето и на избори да одиш како Стево и наместо Стево Пендаровски да го користиш само името.
Пендаровски во кампањата ги користи хаштазите #НашиотПретседател #Стево #Број1 односно се откажа од своето презиме.
А ние мислевме ќе се бори за името Македонија.
Тоа може да значи само едно: дека знаеш колку лоши мисли и чувства побудува презимето Пендаровски.
Тоа значи дека си свесен дека кога луѓето ќе го чујат зборот Пендаровски ги асоцира на: нестабилност, постојана промена на ставови, најава дека ќе си селиш од Македонија ако не си претседател, прогласување на Гоце Делчев за Бугарин, злоупотреба на тајни служби за прогон на новинари, лаги дека не сте чуле за Француски предлог за потоа да признаете дека сам сте го пишувале, понижување на Македонската гарда пред гости, пресметка со политички неистомисленици, злоупотреба на кабинетот на претседателот за политичка кампања, амнестија за криминалците од СДСМ и ДУИ, пишување на лажни извештаи до стратешките партнери за политички противници и новинари, лаги и конфузии за скапи израелски и српски пропагандисти и така натаму и така натаму.
Да си го скриеш презимето по препорака на белосветски експерти и да мислиш дека луѓето ќе заборават што лошо си сторил, што си ветил а не си остварил само зашто што одиш само со името е добра тактика за таму каде што ќе треба да се селиш по избори. Но не и за Македонија каде живеат умни луѓе кои точно знаат кој е добар или лош, лажго или чесен, измамник или хуманист, интелигентен или прост, кој навистина ја сака Македонија а кој 3 децении зема плата од неа а за возврат би заминал од неа ако не е претседател.
#ПрвПолитичарШтоСеСрамиОдСвоетоПрезиме
Фејсбук статус на Горан Момироски






