Ковачки: Го пеплосаа земјоделството, што допреа, исушија! – Мора да се сопре ова безумие!

„Пепел направија од земјоделството! Што допреа – исушија! Мора да се стави крај на ова безумие!“ – реагира жестоко Драган Ковачки, пратеник во Собранието на Република Македонија и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ во врска со информациите за драматичниот пад земјоделското производство лани.



Во објавата на својот фејсбук-профилот Ковачки истакнува: Наместо домашно ќе јадеме увозно! Наместо парите кај нашите земјоделци, парите по белиот свет!

Страшни податоци од Статистика…преполовено производството на јаболка, круши, сливи и праски, драматично намалено кај сончогледот, домати, краставици, пченка и многу други култури.

Пепел направија. Пепел! Што допреа исушија. Мора да се стави крај на ова безумие!

#Промени