На 1 април порталот МКД.мк го објави истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата Маркет вижн за првиот круг од претседателските избори.
И ова истражување, како и истражувањата кои МКД.мк и Маркет вижн веќе неколку години по ред ги спроведуваат, покажа дека е најблиску до резултатот.
Политичари од власта, портпароли, како и тогашниот премиер Димитар Ковачевски, коментираа дека се работи за анкета правена во партиски штаб. Најдобриот демант за ова е споредбата на резултатите од анкетата сo резултатите од првиот круг од претседателските избори.
Анкетата на Маркет вижн и на МКД.мк покажа дека соодносот меѓу Гордана Сиљаносвка Давкова и Стево Пендаровски ќе биде 2:1. Тоа и се случи – Сиљановска Давкова освои двојно повеќе гласови од Пендаровски. На трето место и според анкетата и според резултатите од првиот круг е Бујар Османи, па следуваат Максим Димитриевски и Арбен Таравари, а по нив Билјана Ванковска и Стевчо Јакимовски. Такви беа резултатите од анкетата, а такви се и резултатите на Државната изборна комисија по првиот круг од претседателските избори.
Николина Стојановска управителката на Маркет вижн, вели дека за бројните обвинувања и сомневања и од политичарите и од т.н. експерти подобар одговор нема од споредбата на анкетите со резултатите од изборите.
За декемвриската анкета на МКД.мк и Маркет вижн премиерот Димитар Ковачевски изјави дека била пишувана во партиски штаб. По оваа негова изјава МКД.мк и Маркет вижн, соопштија дека бараат премиерот да ја повлече изјавата и да се извини. Тоа се разбира не беше сторено.
Целиот текст на овој линк






