Откако претседателот на СДСМ и екс премиер Димитар Ковачевски нападна една национална Телевизија и обвини дека во земјата има контролирани медиуми кои го пласираат само она што им го сервираат „од штабот на ДПМНЕ“, тој денеска се извини за скандалозната изјава дадена на 19 февруари.
По критиките од ЗНМ; МАН; АВМУ и од јавноста денеска рече:
„Јас ги прифаќам сите реакции и од ЗНМ и од другите институции и на самиот настан кажав дека сум веднаш подготвен да се извинам, се извинив и на самиот настан, еве извинување и денеска.
Имав долг разговор со претседателот на ЗНМ во неколку наврати бидејќи тој е најдобриот сведок што се случуваше до 2016 година. Јас кажав дека до 2016 тоа се случувало и не би сакал да видиме време кога повторно тоа ќе се случува. Ако ја погледнете целата изјава тогаш е многу јасно што имам кажано“,рече Ковачевски.






