Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски за послесниве 3 месеци потрошил околу 16,700 евра за промоција на социјалната мрежа Фејсбук.
Официјалниот извештај за транспарентност на Фејсбук покажува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за истиот период потрошил само 629 евра односно дури 26 пати помалку од лидерот на СДСМ.

Во просечни плати Мицкоски за 90 дена потрошил околу една просечна плата а Ковачевски дури 26 просечни плати.
Тоа значи дека Ковачевски секој ден во просек плаќал по 11,5 илјади денари или 185 евра.
Мицкоски плаќал по 6,9 евра дневно.
Според бројот на лајкови и негативни реакции кои ги добива Ковачевски попусто дела огромни пари за промоција на неговите статуси затоа што најголем дел од коментарите се негативни.
Практично Ковачевски иако со потрошените пари дошол до огромен број на граѓани тој сам ја финансира негативната енергија од народот кон него.





