Ковачевски: Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите. Се гледаме за две недели!

Лидерот на СДСМ и експремиер Димитар Ковачевски во првото обраќање по дебаклот на претседателскиот кандидат на неговата партија Стево Пендаровски во првиот круг од изборите порача дека „борбата за европска Македонија продолжува и на 8 мај“.



„Знам дека многу наши сопартијци се разочарани, но сега не е време за разочарување. Има уште две недели, јас ќе бидам со вас на терен и ќе работиме за добивање поддршка за европска Македонија. Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите. Ова е наша заедничка борба, најважната битка за македонската иднина. Нашата цврста и одлучна борба за европска Македонија продолжува и на 8 мај. Се гледаме за две недели. Да живее европска Македонија!“, рече Ковачевски.

„Ова е само прв круг од изборите. Очекуваме многу подобар резултат во вториот круг. Не учествуваме на Олимписки игри, каде што е важно да се учествува, туку учествуваме за да победиме!“, додаде тој.