Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски објавува дека вчера се сретнал со повеќе екс функционери на неговата партија меѓу кои биле Јани Макрадули и Петре Шилегов и заедно заклучиле дека СДСМ треба да остане на влас.
Макрадули беше сменет од директор на Македонски пошти по скандалите со купен прескап џип и одењето во затвор на Мухамед Зекири а Петре Шилегов загуби во трката за втор мандат за градоначалник на Скопје откако меѓу другото набави пожарникарска скала за многу повисока цена од пазарната.

,,На денешната средба со поранешни функционери на СДСМ и коалициони партнери, разговаравме за успесите и предизвиците низ годините, за актуелните случувања, како и за претстојните избори.
Се согласивме дека државата треба да продолжи по европскиот пат, како единствена алтернатива за напредок на државата и дека тоа е можно само со СДСМ и Коалицијата за европска иднина и нашиот претседател Стево Пендаровски”, објави лидерот на СДСМ.
На средбата биле и министерот за локална самоуправа од ЛДП Ристо Пенов, екс министерот за правда Ѓорѓи Спасов, екс градоначалници на СДСМ и ЛДП и други.






