Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски му одговори на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој пред неколку дена, говорејќи за намалената куповна моќ на граѓаните и поскапувањето на животните трошоци, даде пример дека пред неколку години можеше да се купи четвртина бурек со јогурт за 50 денари, додека сега тоа чини 120 денари.
„Во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ, кога советник беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски минималната плата беше осум илјади денари и беа потребни 4,5 минимални плати за една потрошувачка кошница“, вели Ковачевски.
„Сега се потребни две минимални плати за една потрошувачка кошница или ако во бурек сакате да пресметате во тоа време со една минимална плата можеле да се купат 170 четвртини бурек, а денес може да се кушат 270 четвртини бурек и тоа добар бурек од „Мирела“ од Куманово“, рече Ковачевски во гостување на Сител.






