Ковачевски ги нападна ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, двете партии ги потпалувале меѓуетничките тензии

Претседателот на СДСМ ги стави во ист кош ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и рече дека ги потпалувале меѓуетничките тензии.



„Оганот кој деновиве гледаме дека го распалуваат ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ може многу лесно да ги потпали тензиите кои успешно ги надминавме и ги оставивме во минатото. Затоа, вечерва повторно апелирам и до Македонците и до Албанците и до сите останати етнички заедници во Македонија – Да не дозволиме да го растуриме она што го градиме 30 години – соживотот во нашето општество кое макотрпно го градиме 3 децении. Нешто што успеавме да го унапредиме во последните 7 години на многу повисоко ниво од тоа што беше претходно и тоа го гледаме на секој чекор. Ние друга татковина немаме! Нашите деца заслужуваат да ја градат својата иднина, дома, каде што се родени! Во СДСМ имаме само една опција – да застанеме зад граѓаните кои веруваат во напредна и европска Македонија како рамноправна членка на Европската Унија и заедно, со упорна и посветена работа, да го оствариме тоа“ порача Ковачевски.