Лидерот на СДСМ и бивш премиер Димитар Ковачевски од партискиот собир вечерва во Струмица вети драстично зголемување на просечната и на минималната плата, ако останат на власт по 8 мај.
„Го испорачавме и го надминавме нашето ветување за просечна плата. Во новата програма за новиот мандат на СДСМ, нашето изборно ветување е просечна плата од 1.000 евра и минимална плата од 600 евра, а ќе ги зголемиме и пензиите“, рече тој пред насобраните.
„СДСМ покажа дека може да испорача резултат и дека ги исполнува своите ветувања. За само три години СДСМ врати над 2,6 милијарди евра назад кај граѓаните со неколку антикризни пакет-мерки“, додаде Ковачевски.






