СДСМ дефинитивно ќе има свој кандидат за претседател, а прашањето дали и ДУИ ќе има свој кандидат треба да го поставите на нивна адреса, изјави денеска лидерот на социјалдемократите Димитар Ковачевски.
Тој одби да ги коментира гласините за тоа дека Али Ахмети ќе се кандидира за претседател од редовите на ДУИ.
Вели дека од сите досегашни неовио изјави може да се заклучи дека СДСМ ќе има свој претседателски кандидат, за кој, како што рече, очекува да биде поддржан од сите прогресивни политички партии, поединци, невладини организации….
„Не сум се видел со Али Ахмети во последно време, но тоа не значи дека наскоро нема да имаме средба.
Тоа што сакам да го потенцирам е дека ние дефинитивно одиме со наш кандидат за претседател, а дали и ДУИ ќе го стори истото, треба да прашате таму“, изјави Ковачевски, без да одговори дали СДСМ би го поддржала Али Ахмети како кандидат за претседател.






