Кливленд лесно го победи Мајами со 108-97 и ја продолжи на девет, серијата победи што на финалистот од претходната сезона и првакот од 2016 година му овозможува да биде близу до првото место во источната конференција во НБА. Најдобри кај Кавси во вкупно 14 сезонски триумф беа Кевин Лав со 38 поена и секако, Леброн Џејмс со 21 поен, 12 скока и 6 асистенции, и тоа пред да биде исклучен, што му е прв пат во кариерата. „Кралот“ ја игра 15 сезона и зад себе има 1.082 натпревари, а ова му беше прво исклучување, а истото е заработено поради пребурна реакција на судиска одлука и тоа при 23 разлика за неговиот тим.
Во останатите утрински мечеви Девин Букер даде 33 коша за победа на Феникс со Чикаго од 104-99, Јанис Антетокумпо со 32 го носеше Милвоки до сигурни 112-87 против Сакраметно, Минесота загуби во најтесниот дуел од Вашингтон со 92-89, а Јута победи во најубедливиот со Денвер 106-77.