Во одморалиштето на МВР на Пониква од саботата се 45 пациенти, повредени од трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ во која животот го загубија 62 лица, а околу 200 беа повредни.
За нив се грижат двајца лекари и три медицински сестри. Од денеска доктор од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија ќе доаѓа во посета во Пониква за да види каков тип на потребни имаат лицата кои се на рехабилитација.
Вкупно 116 лица кои настрадаа во пожарот кој се случи на 16 март во изминатиов период се лекуваа во странски медицински центри, а 71 беа згрижени во земјвата. Моментално 10 пациенти се уште се на лекување, пет во странство и пет во Македонија. Само еден пациент е во тешка состојба. На преврски и слични третмани се 38 повредени, а на физикална терапија се 46 лица. Со ПРП третман кој е наменет за лузни по изгореници се третираат 16 лица.
Рехабилитацијата на пациентите на Пониква ќе се одвива по групи, во циклус од две недели. Лекари од различни клиники направија евалуација и повредените ги поделија во пет групи. Во првата, најлесно повредени се 36, во втората 29, во третата 41, во четвртата 25 и во петтата, најтешко повредени се 16. Ќе се прават проценки во бранови, да се види дали на добар пат оди рехабилитацијата, па така, за месец или два ќе има нов круг на постојана контрола на напредокот. Пристигна и првата пратка на креми за апликација на изгорениците, а стигнаа и лепенките кои пациентите ги бараа..
Повредените се вратија од 20 земји од 30 различни медицински центри и 30 различни протоколи како да се третираат. Ќе останеме посветени се дури не закрепене и последниот повреден од трагедијата во Кочани, вели во интервју за „Република“ Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Иако првично беше замислено на Пониква да бидат испратени само пациенти со изгореници на кожата, одлуката е променета и сега и пациенти со белодробни оштетувања ќе можат да бидат вклучени во рехабилитацијата.
Заминувањето е на доброболна основа, сите кои сакаат, ќе може да одат на Поника, вели Клековски.
Извор:







