„Една битна разлика во нашето општество и нашата држава, кога губиме го губиме спортскиот дух и не можеме да прифатиме пораз а не прифаќањето на пораз понатаму води до непромислени потези“ изјави во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски.
Тој го осуди отсуството на поранешниот претседател Стево Пендаровски на инаугурацијата на Гордана Силјановска Давкова.
„Отсуството на поранешниот претседател Стево Пендаровски е за секоја критика, негова и наша одлика е да го почитуваме чинот на избор и институцијата претседател на Републиката“ кажа Клековски.





