Кирјаков: По пораката од Преродба, Македонија треба да го отфрли т.н. Договор за добрососедство со Бугарија

Атанас Кирјаков-Војводата, претседател на Градскиот комитет на Обединетата македонска организација „Илинден“ од Благоевград, реагира за повикот од бугарскиот пратеник и лидер на Преродба, Костадин Костадинов, до Владата во Софија за изразување претензии кон Македонија по урнек на тие на Трамп кон Канада, Гренланд и Панамски Канал.



„По пораката од бугарската партија Преродба, Р. Македонија треба да го отфрли т.н. Договор за добрососедство со Бугарија“, порача Кирјаков на Фејсбук.

„Македонското и бугарското општество ќе се зближат само тогаш кога Бугарија ќе ги признае Македонците во Бугарија“, додава во друга објава на социјалната мрежа еден од основачите на ОМО „Илинден“ на 4 април 1990 година.