Премиерот Зоран Заев рече дека му се допаѓа идејата скопскиот аеродром „Александар Велики“ да се преименува во „Киро Глигоров“ предложена од Дипломатскиот клуб .



„На прва ми се допаѓа идејата. Но, одлуката ќе оставиме да ја донесат граѓаните низ јавна дебата. Мене, како граѓанин, ми се допаѓа“, одговори Заев на новинарско прашање пренесоа медиуми по денешната прес конференција на која премиерот го презентираше Буџетот за 2018 година.

Дипломатскиот клуб Скопј е невладина, доброволна, професионална и непрофитна организација на граѓани во Република Македонија во која членуваат активни или поранешни дипломати.

По локалните избори, Македонија ќе го смени името на скопскиот аеродром Александар Велики, пишуваше германскииот весник Франкфурте Алгемајне Цајтунг (ФАЦ) во септември, повикувајќи се на „добро информирани извори“.

Според ФАЦ во игра биле повеќе имиња меѓу кои и Мајка Тереза или пак некое име со географска одредница, алудирајќи на грчките позиции околу спорот со името и негодувањата на Атина од таканаречената  „антиквизација“.