Копретседателот на „Продолжуваме со промената“ (ПП) и поранешен бугарски премиер Кирил Петков на Фејсбук објави дека направил нарко-тест кој бил негативен.
Објавата на Фејсбук на Петков откако бил обвинет од претседателот на бугарската партија Движење за права и слободи (ДПС), Делјан Пеевски дека е наркоман.
„Тројниот нарко тест (крв, урина и коса), кој дава најдолг можен период и докажува дека не сум користел такви супстанци, излезе со апсолутно негативни резултати од ВМА“, напиша тој на социјалните мрежи.
„Како татко на три ќерки отсекогаш сум велел дека дрогирањето е огромен порок и горд сум што никогаш не сум користел дрога во целиот мој живот.
Друг огромен порок е да се лаже непромислено, како што правеа Пеевски и Добрев со застрашувачки импликации и мора да ја сносат казната“, додава Петков, прене „Новини.бг“






